ПУТИН СЕПАК НЕ ОДИ ВО ЈУЖНА АФРИКА: Дали се плаши дека ќе го уапсат на самитот на БРИКС?
Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на БРИКС во Јужна Африка следниот месец врз основа на меѓусебен договор, соопшти денеска претседателството на Јужноафриканската Република.
Во соопштението се наведува дека од Русија на самитот ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Јужна Африка беше соочена со дилема бидејќи е домаќин на самитот и е член на Меѓународниот кривичен суд (МКС), согласно кој треба да го уапси Путин под обвинение за наводни воени злосторства за време на војната во Украина.
Во соопштението се наведува дека на самитот ќе присуствуваат лидерите на Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка.
Слично
