ПУТИН СЕ ЖАЛИ: Турција сѐуште не се извинила за соборувањето на авионот
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил денеска дека Турција сѐуште не се извинила поради соборувањето на рускиот воен авион од пред два дена над турско-сириската граница, ниту понудила гаранции дека „одговорните за тој злочин“ ќе бидат казнети.
Поранешните добри односи помеѓу Русија и Турција значајно се расипале откако Турција во вторникот го урна рускиот авион Су-24, откако тој наводно го прекршил турскиот воздушен простор, пренесуваат агенциите.
Путин денеска во обраќање до новинарите во Кремељ се пожалил дека сѐуште не добил извинување од Турција, како ни „понуда да се надокнади штетата“.
Путин исто така додал дека жали што односите помеѓу Туција и Русија водат кон ќорсокак.
Рускиот претседател додал дека според негово мислење, Турција намерно настојува да ги расипе односите помеѓу Москва и Анкара.
„Сметам дека турските водачи намерно ги тераат односите помеѓу Русија и Турција во ќорсокак“, изјавил Путин.

