ПУТИН СЕ ЗАКАНИ: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека заканата за суверенитетот на Русија и конвенционалното оружје се основа за нуклеарен одговор.
Путин изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја и дека секој конвенционален напад врз Русија поддржан од која било нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.
Toj предложи да се воведат голем број објаснувања во врска со условите за руска употреба на нуклеарно оружје – пренесе „РИА Новости“.
„На денешната агенда имаме прашање поврзано со ажурирање на основите на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање, заедно со воената доктрина, ова е документ во кој официјално е дефинирана и детално разработена нуклеарната стратегија на Русија“, нагласи Путин.
Претседателот на Русија, говорејќи на пленарната седница на SPIEF во јуни, не исклучи дека нуклеарната доктрина на земјата ќе мора да се приспособи. Путин додаде дека оваа доктрина е жив инструмент.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјави дека крајот на војната е поблиску отколку што луѓето мислат.
