Путин се пожали дека Русија и Белорусија трпеле надворешен притисок
Западниот притисок ја зајакнува интеграцијата на Москва и Минск, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Тој вели дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок.
„Сигурен сум дека најдобриот одговор на непријателските дејствија на голем број земји треба да биде сеопфатното зајакнување на руско-белоруските врски, зајакнувањето на заемно корисните интегративни процеси и билатералната соработка во сите области“, рече Путин.
Русија и Белоруија се под санкции поради војната во Украина. Од белоруска територија беше извршен напад на Украина.
Екс главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.
