Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин се потсмева на санкциите, сè е подготвено за анексија на Крим!

Путин се потсмева на санкциите, сè е подготвено за анексија на Крим!
Рускиот претседател Владимир Путин го одобри предлог-законот за анексија на Кримскиот Полуостров. Документот е потпишан од Путин и веќе објавен на официјалната интернет страница на руската Влада. Ова е прв чекор за припојување на Крим кон руската територија, откако регионот на референдум се изјасни за отцепување од Украина, а официјална Москва веднаш ја призна неговата независност. Сега договорот за припојување на Крим треба да го потпишат руските и кримските власти, да го одобри Уставниот суд и да го ратификува Парламентот на Руската Федерација. Официјална Москва не отстапува од намерата да го приклучи Крим во своите граници, иако САД и Европската унија од вчера воведоа санкции кон Русија и проруските приврзаници во Украина. Со санкциите замрзнат е имотот на повеќе руски и проруски високи претставници, меѓу кои и на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, а исто така им се оневозможува да добијат американска и европска виза. Освен ова, Франција денеска објави дека Русија е суспендирана од членството во групата на 8 најмоќни држави во светот Г8 и дека останатите седум држави ќе продолжат да се среќаваат без неа. Но, и ова не ги предомисли рускиот претседател Владимир Путин и жителите на Крим кои веќе започнаа со постапките за замена на украинската гривна со руската рубља како национална валута, но и со изедначување на часовната зона со Москва. Украинското Министерство за надворешни работи ја повика меѓународната заедница да не ја признава „Република Крим“, која прогласи независност од Украина. Во соопштението, се упатува овој апел до светот, поради фактот дека независноста на Крим е прогласена од нелегитимен орган, по неуставен референдум. Киев се обрати кон меѓународната заедница и со барањето да не го признава договорот кој Русија и Крим може да го склучат за пристапувањето на украинскиот регион кон руската територија. Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук нагласи дека Киев и со новите власти нема да бара членство во НАТО, во обид да го смири руското малцинство во земјата.  
Слично

Поврзани вести