Путин се пофали дека производството на оружје е зголемено и до 30 пати
Рускиот претседател Владимир Путин се пофали дека производството на оружје е зголемено и до 30 пати за две години.
„Не се сомневам дека во овој период, кој е релативно краток од перспектива на вашата историја, беше произведено многу во одредени видови оружје и производи. Како што веќе знаете, зголемувањето на производството не беше во проценти, туку повеќекратно – двојно, тројно, десеткратно, петнаесеткратно, а за некои производи речиси триесетпати, буквално за година и пол до две години“, изјави Путин, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека побарувачката за модерни вооружени сили нема да престане ниту со завршувањето на, како што ја нарече, „специјалната воена операција“ во Украина.
Како што кажа, Русија ќе продолжи да ги развива и модернизира
своите вооружени сили.
foto Kremlin
