Путин се лути затоа што Западот ја забранува руската култура
На рускиот претседател Владимир Путин му пречат обидите на западните земји да ја забранат руската култура.
Тој повторно ја коментира оваа тема.
„Тоа не се паметни луѓе кои ни ја укинуваат културата, а ние не само што не го правиме тоа, туку ги промовираме хуманистичките идеали кои се вткаени во тие дела. Ние сме паметни, а оние кои ја укинуваат нашата култура не се“, рече Путин, како што го цитира „Раша тудеј интернационал“ на каналот „Телеграм“.
И претходно рускиот претседател изјави дека тие што го забрануваат рускиот писател Фјодор Михајлович Достоевски грешат.Во Британија беа откажани повеќе концерти со руска музика откако почна војната во Украина.
Слично
