Путин: Санкциите на САД нема да не притиснат до ѕид
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека новите санкции кои ги наметна Сенатот на САД против Русија нема да „ја притиснат земјата во ѕид“, но ќе им наштетат на билатералните односи.
– Сигурно ќе биде наложено да коригираме нешто, да направиме нешто дополнително, на нешто да обрнеме дополнително внимание, но тоа нема да не турне во ќор-сокак или во некаков колапс, увери рускиот претседател.
– Сепак, природно ќе ги отежни руско-американските односи, според мене тоа е штетно, предупреди тој.
Засега Путин воопшто не размислува за повратен одговор со мерки кои би им нанеле тешкотии на американските граѓани и компании, но таа опција не е исклучена за понатаму.
Слично
