Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПУТИН САКА ДА ЈА ПОДЕЛИ ГЕРМАНИЈА“: Министерот за одбрана ја обвини Русија за „информативна војна“

„ПУТИН САКА ДА ЈА ПОДЕЛИ ГЕРМАНИЈА“: Министерот за одбрана ја обвини Русија за „информативна војна“

Борис Писториус, германскиот министер за одбрана, ја обвини Русија дека води „информативна војна“ чија цел е да ја подели неговата земја.

Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека ова бил првиот коментар на овој важен министер во кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц по објавувањето на аудио снимка од состанокот на германските воени претставници.

Вчера германската опозиција побара Шолц да одговори пред Бундестагот за објавување доверливи разговори меѓу високи офицери на Бундесверот за војната во Украина.

Се потсетува дека во петокот руските медиуми објавија снимка од 38 минути на која се слуша разговор за испраќање оружје во Украина и потенцијален напад на мостот на Крим, по што властите во Москва побараа објаснување од Берлин.

Германските власти во саботата оваа снимка ја оценија како очигледен чин на прислушување и објавија дека покренале истрага за неа.

- Овој инцидент е многу повеќе од прислушување и објавување разговори... Тоа е дел од информативната војна што Путин ја води. Тоа е хибриден дезинформациски напад. Станува збор за поделба. Станува збор за поткопување на единството – изјави вчера Писториус.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести