Путин: САД управуваат го германските медиуми
Путин е убеден дека германските медиуми се управувани од САД. Претпоставувајќи дека оваа луда теорија е точна, како да си ги објасниме незапирливите критики против Америка во германските медиуми? - Прашува Рајнхард Везер во својот коментар.
Во очите на Путин светот е организиран сосема прегледно: тој е секогаш во право, а другите се или лоши, или се мешаат. Затоа и секоја критика против неговата политика нема ништо заедничко со реалноста, а е дело на некакви темни сили.
Токму оваа шема се применува против руската опозиција, која е обвинувана дека работи за непријателите на Русија. И со истата оваа шема Путин објаснува зошто сликата за него во германските медиуми е толку лоша. Па многу едноставно: тие, германските медиуми, се „под силното влијание на една земја од Атлантикот“, изјавил рускиот претседател во интервју за германскиот весник „Билд“.
Но како да си ја објасниме тогаш острата критика против САД во повеќето германски медиуми - поради смртната казна, војната во Ирак, Гвантанамо, АНС, полициското насилство и така натаму. Претпоставувајќи дека тезата на Путин е точна, нема како да не дојдеме до заклучок дека луѓето кои во Атлантикот ги влечат конците на медиумите во Германија, очигледно не си ја вршат квалитетно работата. Или можеби се толку суптилни и подмолни дека ги користат незапирливите критики против Америка како параван за конспиративна дејност?
Извор: www.faz.net
