„ПУТИН СÉ ЗЕЗНА, ЦЕЛА ЗЕМЈА“: Протече разговор меѓу рускиот милијардер и продуцентот
Украинските медиуми
минатата недела објавија 30-минутен телефонски разговор, кој наводно се случил
меѓу рускиот музички продуцент Јосиф Пригожин и милијардерот Фархад Ахмедов, во
кој двајцата ја критикуваат војната во Украина и потезите на руските власти.
Западот воведе санкции на Ахмедов, поранешен руски сенатор, поради неговите
блиски врски со режимот на Кремљ, додека Пригожин (кој нема никаква поврзаност
со основачот на Вагнер групата) исто така се смета за долгогодишен поддржувач
на Кремљ.
„Нема сомнеж дека ја зезнаа државата. На луѓето околу Путин им е испран мозок, се однесуваат како богови. А Путин е сатана“, вели човек чиј глас силно наликува на Пригожин.
„Тој не зезна сите. Цела земја. Целото население“, додаде тој.
Продуцентот во неделата изјави дека тоа е провокација. Иако снимката од разговорот првично ја нарече „лажна вест“, Пригожин подоцна изјави дека во неа има некои вистински делови од неговиот разговор со Ахмедова.
"Гласот е сличен на мојот. Но не е јасно како точно ги залепиле деловите од разговорот", рекол продуцентот, според Sky News. Ахмедов се уште не го коментирал видеото. Доколку се потврди автентичноста, оваа аудио снимка ќе обезбеди редок увид во размислувањата на руските елити.
ФОТО: ЕПА