Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша

Рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Русија не бара капитулација на Украина, туку признавање на реалноста „утврдена на терен“. Тој ова го кажа на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. 

„Верувам дека рускиот и украинскиот народ се еден. Во оваа смисла, цела Украина е наша. Каде и да стапне руски војник, таа е наша“, вели Путин. 

Рускиот претседател рече дека Русија никогаш не се сомневала во правото на Украина на суверенитет, но, исто така, дека Украина била неутрална држава за време на прогласувањето на независноста во 1991 година. Тој тврди дека Русија е принудена да воспостави безбедносна зона по должината на границата со Украина, пренесува „Ројтерс“. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година и тогаш Путин говореше дека Украинците и Русите се еден народ. 

Слично

Поврзани вести