Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Русија треба да ја намали зависноста од цената на нафтата

Путин: Русија треба да ја намали зависноста од цената на нафтата

Руската економија треба да ја намали зависноста од цената на нафтата. Ова го изјавил претседателот на земјата Владимир Путин за време на состанок за буџетот, цитиран од руските медиуми.

„Неопходно е да се обезбедени избалансирани и отпорни државни финансии, суштински да ја намалиме зависноста на буџетот од цените на нафтата“, појаснил тој.

Тој ја оценил економската ситуација како предизвикувачка, но не и критична и ги повикал економистите во Владата да ја заштититат улогата на федералниот буџет како водечки инструмент за развој.

Во сегашните околности е особено важно да имаме пакет мерки за надминување на економска рецесија, се свртел Путин кон раководителите на претседателската администрација, Федералниот совет, Државната дума и економските министри.

Владимир Путин, исто така, изјавил дека рускиот буџетски дефицит мора да биде под границата од 3% од БДП во 2016 година.

Планираниот буџетски дефицит за следната година не треба да надмине 3% од БДП. Ова е една од најважните точки за владата во областа на буџетот, бил категоричен Путин.

За да се достигне ова ниво, ве молам многу внимателно да го наведете своето внимание кон буџетските приходи, да ја подобрите администрацијата и наплатата на даноците, додал Путин.

Слично

Поврзани вести