Путин: Русија треба да биде со силна армија поради заканите позади границите
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека на неговата земја и треба силна армија, за да ги одврати заканите блиску до нивните граници, пренесоа американските медиуми.
На состанокот во Кремљ со дипломатите од руски високи воени школи на Путин истакнале дека силната армија, опремена со современо оружје, е гарант за суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија. Тој вети дека ќе продолжи со модернизацијата на армијата, вклучувајќи и испораки на голем број нови оружја.
Путин потврдил дека Русија нема агресивни намери и се стреми да го уредува секој спор исклучиво преку политички средства, запазувајќи го меѓународното право и интересите на другите држави.
„Русија е една отворена мировна стrана, која е за зајакнување на соработката и партнерството со секој кој е подготвен за тоа“, истакнал претседателот.
„Ние немаме и не можеме да имаме агресивни планови. Ние на никого не се закануваме. Сите спорни прашања се стремиме да ги решаваме исклучиво преку политички средства. Ние се однесуваме со почит кон меѓународното право и интересите на другите земји“, изјавил Путин.
Тој потсетил дека сега активно се зајакнуваат руските стратешки нуклеарни сили и единиците на воено-воздушната одбрана и борбените способности на сите родови војници и видовите вооружени сили се зголемиле значително.
Рускиот претседател додал дека арсеналот на националните вооружени сили ќе биде пополнет со ново оружје, техника, авиони, подморници, бродови, борбени роботи, беспилотни летала и прецизните оружје.
Иако богата со нафта и природен гас Русија е во рецесија, Путин планира да потроши до 2020 година 22 трилиони рубљи (над 400 милијарди долари) за модернизација на вооружените сили, забележуваат агенциите.
Агенцијата наведува дека популарноста на рускиот претседател се зголемува, независно од економските проблеми на земјата. Анкетирањето на социолошкиот центар „Левада“ покажа дека рејтингот на Путин во Русија достигна историски максимум од 89 проценти овој месец.
