Путин: Русија нема волшебно стапче, но парите од „црни“ фондови одат во инфраструктура
Периодот на високите приходи од извозот на енергијата е завршен и Русија нема волшебно стапче тоа да го измени, изјави рускиот претседател, Владимир Путин. Тој на економскиот форум во Санкт Петерсбург, рече дека Русија ќе продолжи да се обидува да ја ограничи инфлацијата, без оглед на кадровските промени и ќе инвестира 450 милијарди долари рубли (13,6 милијарди долари) од Државниот социјален фонд за развој на инфраструктурата, пренесе Ројтерс .
Путин, исто така посоува дека бизнис лидерите во државните претпријатија ќе бидат наградени или казнети според своите дела. Според него, процесот на приватизација во Русија ќе се врши постепено, а државниот имот ќе се продава по фер цени.
Големи инвестиции во инфраструктурата
Путин вети и дека Русија ќе инвестира најмалку 43 милијарди долари во развој на инфраструктурата, особено во изградбата на нови патишта и железници.
Путин рече дека најмалку половина од 86,7 милијарди долари од црниот фонд ќе се користат за изградба на нови автопатишта во околината на Москва, за брзата железница што ќе ги поврзе Москва и Казањ, со должина од 735 километри и за реконструкција транс-сибирската железница.
Путин не кажува колку долго ќе трае работата на овие проекти, но затоа изјави дека црниот фонд, во кој државата вложува од профитот при продажбата на нафта и гас не треба да бидат потрошени за "мали нешта".
„Фондот мора да се користи за развој на руската економија и за идните генерации. Парите треба да се инвестираат во проекти кои ќе ја трансформираат земјата и ќе отворат перспективи за понатамошен развој", рече Путин на Форумот.
Како дел од овој Економскиот форум во Санкт Петерсбург , присуствува и македонска делегација предводене од премиерот Никола Груевски.
Слично
