Путин: Русија не ја започна војната во Украина
Русија не е лудa, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Тој денеска изјави дека „Русија не ја започна војната во Украина“. Кажа дека војната започна со „државниот удар“ во 2014 година, по што Русија го анектираше Крим.
Путин вели дека „Русија нема шанси да ја смири ситуацијата во Украина“, земјата која ја нападна на 24 февруари годинава. Тој тогаш тврдеше дека Полска, која граничи со Украина, сака да окупира делови од украинската територија. Да потсетиме, Полска од почетокот на војната прими милиони украински бегалци.
Инаку, Украина поставува два услови за крај на војната. Нив ги кажа украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.Во Доњецк загинаа проруската политичарка Марија Пирогова. Руската страна ја потврди смртта.
Слично
