Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Русија не е закана за другите земји

Путин: Русија не е закана за другите земји

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека Русија не е закана за било која друга земја и дека е одлучна да остане надвор од било какви геополитички интриги, јавува руската новинска агенција.

„Ние (Русија) не претставуваме било каква закана за никој и не планираме да се вклучиме во било какви геополитички игри или интриги, по страна од конфликти, без оглед колку некои сакаат во нив да не вовлечат“; рекол Путин на конференцијата посветена за развој на вооружените сили во Сочи.

Рускиот претседател укажал на потребата за одржување на доверлива заштита на суверинитетот на Русија и нејзините сојузници.

„Сакам да свртам внимание на потребата за сеопфатниот пристап и здружен напор на сите органи на државните власти на решавање на националните прашања за одбрана “, рекол Путин.

Путин потсетил дека, во изминатите година дена, Русија воспоставила интегрален систем на воено планирање и прецизен пристап науправување со воената машинеријам бидејќи во јануари 2013 е одобрен рускиот план за одбрана наведува агенцијата.

Слично

Поврзани вести