Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН РЕВОЛТИРАН: Турција ни заби нож вo грб

ПУТИН РЕВОЛТИРАН: Турција ни заби нож вo грб

Со рушењето на воениот авион и убивањето на двајца наши пилоти, Турција ни заби нож во грбот – изјави денеска рускиот претстедател Владимир Путин по денешниот несреќен настан.

„Овој инцидент ги преминува вообичајните рамки на редовната борба против тероризмот. Секако, нашата војска спроведува херојска битка против тероризмот без чувство за себе или за своите животи, но денеска доживеавме нож во грб од странана помагачите на терористите“, рече Путин.

Анкара го потврди рушењето на авионот и убедува дека тој го нарушил воздушниот простор на земјата и ги игнорирал предупредувањата за да ја напушти областа.

Владимир Путин пак, тврди дека турскиот авион го соборил рускиот иако летал километри подалеку од турската граница и не претставувал опасност за безбедноста на Турција.

Тој додава дека цел на авионот била провинцијата Латакија во Сирија и терористичките бази во неа.

По инцидентот, на барање на Турција, НАТО ќе одржи вонреден состанок во 5 попладне. Целта на состанокот е Турција да ги информира сојузниците за урувањето на рускиот авион. Целта на состанокот е да се осигураат дека ситуацијата нема да излезе од контрола.

Слично

Поврзани вести