Путин регрутира уште 130.000 луѓе - дали војната во Украина ќе ескалира?
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и oд 1 октомври ќе бидат регрутирани уште 130.000 луѓе.
„Од 1 октомври до 31 декември 2023 година, граѓаните на Руската Федерација на возраст меѓу 18 и 27 години кои не се во резерва и се предмет на регрутирање воена служба во согласност со федералниот закон, ќе бидат регрутирани во воена служба“, се вели во декретот.
Високиот руски воен функционер Владимир Цимљански објасни дека сите воени регрути ќе бидат испратени во формации и воени единици на територијата на Русија, но дека нема да одат во припоените региони – регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје. Покрај тоа, тие нема да бидат вклучени во специјалната операција. Борци од групата Вагнер пак има на боиштата во Украина.
