Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН РАЗРЕШИ МИНИСТЕР: По неколку часа го пронашле мртов

ПУТИН РАЗРЕШИ МИНИСТЕР: По неколку часа го пронашле мртов

Роман Старовоит, кого денеска рускиот претседател Владимир Путин го разреши од функцијата министер за транспорт, изврши самоубиство, објави Рускиот истражен комитет.

„Роман Владимирович Старовоит беше пронајден мртов во својот автомобил со прострелна рана“, се вели во соопштението, додавајќи дека „главната теза“ за причината за неговата смрт е „самоубиство“.

АП објави дека Кремљ не дал причина за разрешувањето на министерот за транспорт, но рекол дека стотици летови биле откажани или одложени на аеродромите во Москва и Санкт Петербург во текот на викендот, и дека имало прекини на други места поради нападите со украински беспилотни летала.

Според други медиуми, промената на шефот на Министерството за транспорт е најава за значително реструктуирање на тој сектор во Русија поради итни проблеми поради војната во Украина, првенствено во товарниот транспорт.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека претходно денес Путин го назначил поранешниот гувернер на регионот Новгород, Андреј Никитин, за вршител на должноста министер за транспорт, ветувајќи му реформи во секторот.

Разрешувањето на Старовоит предизвика шпекулации за неговата поврзаност со корупциски скандали додека беше гувернер на Курската област.

Откако почна војната во Украина, многу воени лица, но и критичари на Кремљ починаа на мистериозен начин. 

Слично

Поврзани вести