Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН РАЗГОВАРАЛ СО ВУЧИЌ: Русија со осуда за инцидентот на Косово

ПУТИН РАЗГОВАРАЛ СО ВУЧИЌ: Русија со осуда за инцидентот на Косово

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговарал со српскиот колега,  Александар Вучиќ и ги осудил, како што рекол, провокативните акции на приштинските власти во Митровица, соопшти Кремљ.

Во соопштението стои дека Путин и Вучиќ разговарале за косовското прашање и за акцијата на властите во Косово на 26 март против шефот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.

„Русија ги осуди таквите акции, кои ја нарушуваат Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Подвлечено е дека во основа на решението на косовското прашање мора да биде почитувањето на таа резолуција“- се наведува во соопштението.

Вучиќ му изразил сочуство на Путин за жртвите во трагедијата во Кемерово.

Двајцата претседатели разговарале и за актуелните прашања од руско-српското партнерство.

Слично

Поврзани вести