Путин пушти во употреба железница од две милијарди долари
Рускиот претседател Владимир Путин го отвори свечено железничкиот прстен во Москва во вредност од 2 милијарди долари.
Иако е недовршен целосно, 54 километарскиот московски централен прстен ги поврзува предградијата на главниот град и започна да превезува патници од денеска. Владата покрива околу половина од вредноста на проектот, кој е 130 милијарди рубљи (2,01 милијарди долари). Остатокот од износот е од буџетот на главниот град и државната железничка компанија.
Железницата започна да работи од денеска токму пред парламентарните избори, забележуваат агенциите.
На 18 септември во Русија ќе има избори за долниот дом на парламентот.
Се очекува партијата „Единствена Русија" да победи, но евентуално со помала разлика отколку во изминатите години.
