Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин првпат побарал слободен ден по 15 години – знаете зошто?

Путин првпат побарал слободен ден по 15 години – знаете зошто?
Рускиот претседател Владимир Путин по 15 години на државничка функција денеска првпат користи слободен ден, без никакви активности. Причината е што тој денеска полни 62 години. Нема информации со кого и каде Путин ќе го прослави роденденот. Но, негов обожавател му посветил цела изложба, на која го претставил како херој од античката митологија. Дванаесет дела на кои Путин е претставен како Херкул се изложени од денеска во галерија во Москва, токму во чест на неговиот роденден. На сликите, Путин се бори со брадест човек кој го претставува тероризмот и го совладува кучето со три глави Церебрус како симбол на САД и еднополарниот свет. „Ние создаваме една поинаква слика за Путин, затоа што западните медиуми често го критикуваат, а повремено го напаѓаат и нашите медиуми, вели организаторот на изложбата Михаил Антонов.
Слично

Поврзани вести