ПУТИН ПРИЗНА: Се повеќе Руси живеат под прагот на сиромаштија
Руската економија е излезена од рецесија и влезе во период на раст. Ова го изјави шефот на државата на Руската Федерација Владимир Путин во одговор на првото прашање поставено во рамките на „директната линија“ - традиционалниот настан на кој Путин одговара на прашања на медиумите, новинарите и граѓаните.
Забележан е раст на инвестициите, на продажбата на автомобили и недвижен имот, а инфлацијата падна на рекордно ниско ниво. Се зголемуваат и златни резерви на Централната банка, изјави Путин.
Рускиот претседател, сепак, истакна дека бројот на граѓаните кои живеат под прагот на сиромаштија, се зголемува - и ова предизвикува загриженост.
Во моментов, овој показател е 13,5 проценти. Заедно со тоа, сепак, се зголемува должината на животот во Русија и таа веќе е 72 години, нагласи Путин. Тој додаде дека во последниве години меѓу 3 и 4 пати е намалена смртноста на новороденчињата и родилките, а наталитетот во Русија расте побрзо отколку во европските држави.
Путин изрази уверување дека е потребно создавање на дополнителни работни места и зголемување на продуктивноста на трудот.
Во видеото долу може да ја следите конференцијата во живо каде Путин одговара на прашањата.
