Путин призна дека имаат проблеми и даде ветување пред руските граѓани
Рускиот претседател Владимир Путин на конгресот на неговата владејачка партија „Единствена Русија“ одржан денеска, вети дека неговата влада може да ја обезбеди безбедноста во услови на чести украински напади. Тој го опиша сегашниот период како судбоносен за земјата, пренесува ТАСС.
Путин ги нарече руските војници кои се борат во војната против Украина „вистинска елита“ на Русија.
„Да, ги гледаме проблемите, свесни сме за нив и реагираме на нив, но сигурно ќе ја обезбедиме безбедноста и на земјата и на нашите граѓани, како и неповредливоста на границите на Русија. Несомнено ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме денес, вклучувајќи ги и терористичките напади врз нашата територија и инфраструктурните објекти“, рече Путин.
Изјавите на Путин доаѓаат во време кога Украина ги засили своите напади со беспилотни летала на долг дострел врз руските рафинерии за нафта, фабриките за оружје и логистичката инфраструктура.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија во текот на ноќта со беспилотни летала нападнала две руски рафинерии, од кои едната се наоѓа на околу 700 километри од украинската граница.
Украина вчера го нападнаа Волгоград.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
foto printskrin youtube
