Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ПРИЗНА: Асад направи многу грешки, но Русија e подготвена да му даде азил!

ПУТИН ПРИЗНА: Асад направи многу грешки, но Русија e подготвена да му даде азил!

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да му обезбеди азил на сирискиот претседател Башар Асад, ако биде принуден да ја напушти својата земја.

Ова станува јасно од интервју со рускиот лидер објавено на извадоци од светските медиуми.

Сигурно е потешко да се гарантира азил на Сноуден во Русија во споредба при евентуален случај со Асад, истакнал Путин.

Русија му даде азил на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден во 2013 година.

Рускиот претседател нагласи дека е премногу рано да се каже дали Русија ќе треба да му даде азил на Асад.

„Прво сириското население треба да добие можност да гласа и потоа ќе видиме дали Асад ќе ја напушти својата земја, ако ги изгуби изборите“, продолжил претседателот на Руската Федерација.

Шефот на државата на Русија призна дека Асад има направено многу грешки за време на овој конфликт, но додаде дека „конфликтот никогаш нема да бил толку голем, ако не бил запален надвор од Сирија со оружје, пари и борци“.

Владимир Путин ја повтори руската позиција во поддршка на Асад, во обид да го спречи сценариото како во Либија.

Не сакаме Сирија да заврши како Ирак или Либија. Видете го Египет: треба да се пофали претседателот Сиси за преземање на одговорноста и моќ во вонредна ситуација со цел стабилизирање на земјата, истакна лидерот на руската држава.

Запрашан за бомбардирања над Сиријци извршени од Асад , Путин одговорил: „Асад не се бори против сопственото население, туку против оние кои презеле вооружени дејствија против владата. Ако цивилното население, исто така е повредено, тогаш ова не е вина на Асад, а претежно вина на бунтовниците и нивните странски пријатели“.

Сепак лидерот на Русија додаде дека тоа не значи дека сè е во ред во Сирија и дека Асад прави правилно сè.

Путин ги коментира и влошените односи со Турција по соборениот руски воен авион од турски борбен авион во ноември 2015 година. Според него, Русија ќе и се „спротивстави“ на Турција, ако Анкара се закани за руската национална безбедност.

„Многу се надевам вакви настани да не прераснат во големи воени конфликти. Но, ако интересите и безбедноста на Русија се заканувачки, Русија ќе се спротивстави. Секој треба да го знае тоа“, рекол уште Путин.

Тој додадл дека ако Турција ја нападне Русија, не е потребно НАТО да интервенира.

„Турција е дел од НАТО, но не е напаѓана. НАТО затоа не треба да ја брани Турција, нашите проблеми со Турција немаат ништо заедничко со членството на оваа земја во НАТО. Подобро турското раководство да се извини за соборениот авион, што е воено злосторство, наместо да се повикува во штабот на НАТО“, категоричен е тој.

Слично

Поврзани вести