Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ПРЕСЕЧЕ: Потпиша декрет за економско ембарго кон Турција-Што се им е забрането?

ПУТИН ПРЕСЕЧЕ: Потпиша декрет за економско ембарго кон Турција-Што се им е забрането?

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпишал денеска декрет за воведување на економски санкции против Турција како одговор за соборувањето на рускиот воен авион Су-24.

Како што е објавено на сајтот на Кремељ, санкциите подразбираат забрана за ангажирања на турски персонал во компаниите, забрана за увоз на посебни производи, без прецизирање кои.

Истотака, на некои турски компании ќе им биде ограничено управувањето во Русија, наведуваат агенциите.

Од некои руски туристички агенции се бара да не ги продаваат аранжманите за Турција.

Забраната се однесува и на чартер летовите помеѓу двете земји, а ќе бидат воведени и некои визни рестрикции.

Слично

Поврзани вести