Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин потпиша закон штo загрижува илјадници Руси: Почнува конфискација на имот

Путин потпиша закон штo загрижува илјадници Руси: Почнува конфискација на имот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон со кој се овозможува конфискација на имотот на граѓаните кои ја напуштиле земјата, како мерка на безбедност во случаи на административни прекршоци против интересите на Руската Федерација.

Документот беше објавен на 10 јуни на официјалниот портал за објавување на правни акти, а спроведувањето на законот ќе почне на 1 септември оваа година.

Опфатени се повеќе од десет прекршоци

Законот се однесува на повеќе од десет членови од Рускиот закон за административни прекршоци, вклучувајќи одредби што често се користат во политички чувствителни случаи.

Списокот, меѓу другото, вклучува прекршоци поврзани со:

кршење на правилата за таканаречени „странски агенти“

производство и дистрибуција на екстремистички материјал

ширење лажни информации и злоупотреба на слободата на медиумите

учество во работата на организации што се прогласени за непожелни

дискредитирање на руската армија

јавно изедначување на постапките и одлуките на раководството на Советскиот Сојуз и нацистичка Германија

ситно хулиганство со посебни карактеристики

Имотот може да се блокира дури и пред конечната одлука

Една од најзначајните новини е можноста за блокирање на средствата дури и пред судот да донесе конечна одлука за случајот.

Според текстот на законот, судот ќе може да наложи привремено чување на имотот како гаранција за идно плаќање на казната.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести