Путин потпиша: Сите може да одат во војска
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се укинува горната старосна граница за приклучување во војска таму, пренесува агенцијата ТАСС. Досега во руската армија можеа да се приклучат руски државјани на возраст од 18 до 40 години и странци на возраст од 18 до 30 години.
Тамошниот парламент го одобри предлогот во средата, но потписот на Путин беше потребен за законот да помине. Автори на предлог-законот се шефот на комисијата за одбрана на Думата, Андреј Картаполов и неговиот прв заменик Андреј Красов.
Според ТАСС, тие веруваат дека овие измени во законот ќе привлечат „експерти од областа на медицината, инженерството и комуникацијата“ во армијата.
Слично
