Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ПОТПИША НЕВООБИЧАЕН ЗАКОН: Руските авиокомпании ќе ги користат странските авиони за домашни летови

ПУТИН ПОТПИША НЕВООБИЧАЕН ЗАКОН: Руските авиокомпании ќе ги користат странските авиони за домашни летови

Економските санкции кон Русија во голема мера ги погодија и руските авиокомпании, заради што претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се дозволува на руските авиокомпании да ги задржат странските авиони за употреба при домашни летови, објави државната новинска агенција ТАСС. Минатата недела Москва посочи дека може да преземе таква акција како одговор на далекусежните санкции од Западот.

Новиот закон, според ТАСС, ќе им овозможи на руските авиокомпании да ги задржат и да управуваат со авиони изнајмени од странски закупци кои се повлекле од пазарот и ги откажале договорите поради санкциите.

Западните санкции беа насочени кон голем број индустрии, особено воздухопловната индустрија, при што некои земји го затворија своето небо за руските превозници. Ваквите потези ефективно ја отсекоа Русија од поголемиот дел од глобалната воздухопловна мрежа.

Сепак, преземањето на сопственоста на странски авиони ќе има само ограничен ефект, пишува „Волстрит журнал“. Со санкциите се забранува одржување, поддршка или купување на резервни делови за авиони. Современите патнички авиони бараат високо ниво на одржување и нивното летање може да претставува ризик за патниците.

ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Слично

Поврзани вести