Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ЌЕ РАЗГОВАРА СО ЗЕЛЕНСКИ: Телефонски разговарал со кинескиот колега Си Џипинг

ПУТИН ЌЕ РАЗГОВАРА СО ЗЕЛЕНСКИ: Телефонски разговарал со кинескиот колега Си Џипинг

Владимир Путин ја прифатил поканата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да започне преговори за решавање на кризата во Украина и прекинување на воените дејствија. Ова беше обелоденето по телефонскиот разговор за рускиот претседател со кинескиот колега Си Џинпинг. Светските медиуми пренесуваат дека Џинпинг рекол дека го поддржува решавањето на украинската криза преку разговори.

Во известувањето од разговорот кое беше прочитано на државната телевизија во Кина е сооштено дека Путин му рекол на Си дека Русија е подготвена да одржи разговори на „високо ниво“ со Украина.

„Русија е подготвена да преговара со Украина на високо ниво. Соединетите Американски Држави и НАТО долго време ги игнорираа легитимните безбедносни грижи на Русија, постојано се откажуваа од своите обврски и продолжија воено да се прошируваат на исток, доаѓајќи на работ на руската црвена линија“, рекол рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави Ројтерс, повикувајќи се на CCTV.

Пекинг инаку постави внимателна дипломатска линија за кризата и одби да ја нарече „инвазија“ или да ги осуди постапките на Русија, нејзиниот близок сојузник.

Си рече на повикот со Путин дека е важно „да се напушти менталитетот на Студената војна, да се придава важност и да се почитуваат разумните безбедносни грижи на сите земји и да се формира избалансиран, ефективен и одржлив европски безбедносен механизам преку преговори“.


Слично

Поврзани вести