Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин подготвен да се соочи со Трамп

Путин подготвен да се соочи со Трамп

Без разлика на протерувањето на 60 руски дипломати од САД, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да одржи состанок со американскиот колега Доналд Трамп, изјави портпаролот на Путин, Дмитри Пешков. Руската страна останува отворена, се разбира, рече Пешков, одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи оти „се зависи од нашите американски колеги“.

Русија подготвена за добри односи со земјите.

Путин и руската страна се подготвени да развиваат заемно корисни и заемно доверливи односи со сите земји, вклучувајќи ги и САД, до степен до кој нашите противници или партнери се подготвени за ова, истакна Пешков.


Слично

Поврзани вести