Путин побарал од олигарсите да донираат во рускиот буџет за да се стабилизираат државните финансии?
Рускиот претседател Владимир Путин побарал од олигарсите да донираат во рускиот буџет за да се стабилизираат државните финансии, додека продолжува со војната во Украина, објави „Бел“.
Тој вчера одржал затворена средба со водечки бизнисмени, според извор запознаен со приликите. Путин разговарал за финансирањето на војската и за продолжувањето на војната.
Војната, која трае веќе пет години откако Русија во февруари 2022 година ја почна целосната инвазија, доведе до нагло зголемување на трошоците за одбрана, кои во 2025 година достигнале 190 милијарди долари.
Русија сега се соочува и со пад на буџетските приходи од продажба на енергенси, како и со економско забавување. Тоа влијае и врз даночните приходи од другите сектори на економијата.
foto printskrin youtube
