ПУТИН ПО СРЕДБАТА: Ако Трамп беше претседател пред неколку години, ќе немаше војна воопшто
Рускиот претседател Владимир Путин ја оцени средбата со американскиот претседател Доналд Трамп како продуктивна. Смета дека во претходниот период, односите меѓу Русија и САД биле на најниско ниво какви што немале од Студената војна.
Според него, доколку Трамп бил претседател во периодот кога почна војната во Украина, тоа немало да се случи.
„Трамп има многу јасна идеја што сака да постигне. Очекувам дека денешните разговори ќе бидат почетна точка, не само за крај на Украинскиот конфликт, туку и за соработка на двете земји. Трамп рече дека ако тој бил претседател тогаш, ќе немало војна. И можам да го потврдам тоа“, рече Путин.
Вели дека тоа што се случува во Украина е голема трагедија и за Русија. Истовремено, посочи дека е јасно дека Русија и САД имаат многу што да си дадат меѓусебно.
„Претседателот Трамп сака да помогне за мир во Украина. Ние (Русија и Украина) ги имаме истие корени, се што се случува е трагедија и за нас. Но, убедени сме дека за да имаме долгорочен договор, мора да ги елиминираме сите причини за тој конфликт. Се согласувам со претседателот Трамп, дека мора да биде обезбедена безбедноста на Украина“, посочи Путин.
