Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Патриотизмот во Русија е силен, никој не може да ни наметне странски формати

Путин: Патриотизмот во Русија е силен, никој не може да ни наметне странски формати
Рускиот претседател Владимир Путин врачи на церемонија во Кремљ државни награди на седум истакнати научни и културни дејци, по повод националниот празник на земјата, Денот на Русија, 12 јуни. Вчера се навршија 25 години од усвојувањето на декларацијата за државен суверенитет на Руската Федерација во 1990 година, кога Русија уште беше една од 15-те Советски Сојузни републики. Во словото Путин изјави дека идеалите на патриотизмот меѓу рускиот народ се толку силни што никој не успеал "да ја прекодира" Русија и да и наметне странски формати на размислување и развој. "Невозможно е да бидеме пренасочени, отсечени, изолирани од нашите татковини и историски корени", истакна тој. Путин истакна дека големата историја на Русија, нејзиното богато цивилизациско наследство негуваат чувства на Русите и ги инспирираат за нови достигнувања и откритија. Според него 12 јуни е историски датум во руската историја, бидејќи со Декларацијата за државниот суверенитет, усвоена на овој ден пред 25 години ", беше положен почетокот на кардинални трансформации во земјата", кои ги погодиле сите страни на животот, на политичкото и јавното уредување. "Русија не само со чест ги надминаа овие исклучително тешки искушенија и успеа само за четврт век да изврши успешен пробив кон демократија и пазарна економија, но и можеше да се етаблира како современа отворена и самостојна држава", истакна претседателот. "Ја запазивме самата суштина и духовната основа на руската државност, ја  мемориравме уникатната национална разноликост на народот и неговото историско единство, вековните традиции за преданост кон татковината и подготвеноста да опстојуваме и да ја заштитиме нејзината слобода и независност, неговите интереси", заклучи Путин .
Слично

Поврзани вести