Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин откри што ќе каже ако потпишат мировен договор со Киев

Путин откри што ќе каже ако потпишат мировен договор со Киев

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку биде потпишан мировен договор со Украина, по завршувањето на конфликтот би можел да каже: „Му благодарам на Бога, сè е готово“.

Путин ова го изјави за време на средба со раководители на меѓународни новински агенции во рамки на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург. 

„Што се однесува до тоа што би можеле да си кажеме едни на други ако дојдеме до крајот на конфликтот, барем би можеле и треба да кажеме: ‘Фала му на Бога што сè е готово’“, рече Путин.

Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се одржува од 3 до 6 јуни. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести