Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Организаторите на обидот за побуна ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Путин: Организаторите на обидот за побуна ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва изјави дека руското општество е консолидирано и дека мнозинството борци на групата „Вагнер“ се патриоти. 

„Организаторите на обидот за побуна ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Нивните постапки се криминална активност која имаше за цел да ја ослабне државата“, кажа Путин.

Тој им се заблагодари на заповедниците и војниците на „Вагнер“ што избегнале крвопролевање и кажа дека ќе го почитува ветувањето дека на сите кои не сакаат да потпишат договор со Министерството за одбрана ќе им биде дозволено да отидат во Белорусија.

„Од самиот почеток беа преземени сите неопходни мерки за неутрализирање на побуната. Таа ќе беше задушена во секој случај“, кажа Путин.

Рускиот лидер му се заблагодари и на белорускиот колега Александар Лукашенко што помогнал мирно да се реши целата ситуација, но додаде дека клучно за тоа било единството на нацијата.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин кажа дека целта не му била да го сруши Путин. 

Во саботата имаше обид за државен удар во Русија. 

Слично

Поврзани вести