Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Оние кои живеат во Херсон би требало да бидат иселени од зоната на најопасните акции

Путин: Оние кои живеат во Херсон би требало да бидат иселени од зоната на најопасните акции

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека ситуацијата во Херсон е опасна. 

Тој ги повика цивилите од окупираниот регион да се евакуираат. Ова е прво признание на Кремљ дека ситуацијата во регионот е влошена.

„Оние кои живеат во Херсон би требало да бидат иселени од зоната на најопасните акции, зашто цивилното население не треба да страда“, изјави Путин пред активистите кои го одбележуваа Денот на националното единство.

Претходно, проруските власти во Херсон најавија дека руската војска би можела да се повлече од десниот брег на реката Днепар, каде што се наоѓа и самиот град Херсон. Оттаму во изминатите денови беа евакуирани десетици илјади цивили.

Украинците ги бомбардираа и оштетија сите клучни премини преку Днепар, поради што постоеше опасност руските сили да останат отсечени. Русија ги анектираше Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. 

Германскиот канцелар Олаф Шолц побарал од кинескиот претседател Кси Џинпинг да го искористи влијанието во Москва за запирање на војната во Украина. 

фото AP

Слично

Поврзани вести