Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ОДЛУЧИ: Април ќе биде неработен месец во Русија

ПУТИН ОДЛУЧИ: Април ќе биде неработен месец во Русија

Април ќе биде неработен месец во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин го продолжи неработниот период во државата до 30 април за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Tој порача дека граѓаните ќе продолжат да ги добиваат своите месечни примања, но не објасни како ќе им бидат исплатени и кој ќе ги исплаќа. 

Путин изјави дека најголем дел од Русите треба да го избегнуваат нивното работно место, затоа што „пикот на пандемијата не поминал во светот, како и во земјата“.

„Ефикасна и стабилна економија е клучна за решавање на нашите задачи, вклучително и во системот на здравствена заштита“, вели тој.

Русија има 3548 заболени oд коронавирусот и 30 жртви.

„Имаме голема, многу голема земја, со различна густина на населението“, истакна рускиот претседател. 

Неопходните индустрии ќе продолжат со работа, како и продавниците за храна и аптеките.

Слично

Поврзани вести