ПУТИН ОДГОВОРИ: Оние кои тврдат дека сме бомбардирале болница се како „келнер во пицерија“
Од Москва во четвртокот објавија дека немало напади на руските воздушни сили над полската болница, а дека британската невладина организација која тоа го изјавила била самоуверена како „келнер во пицерија“.
-Сите информации за нападот на Русија на полската болница се неточни-рекола Марија Захрова, портпарол од министерството за надворешни работи на Москва.
Сирискиот опсерваториум за човекови права јави во среда дека 13 цивили од полска болница загинале при руски воздушен напад.
Работник од клиниката рекол дека навистина е извршен напад на болницата и дека загинале две лица, ни не споменал кој го извршил нападот.
-Вакви лажни информации често доаѓаат од сирискиот опсерваториум-додала Захарова на брифингот во Москва. Таа, основачот на опсерваториумот го опиша како „сопственик на киоск за брза храна, кој нема ниту новинарска диплома, ниту било какво друго легално образование, дури ни средна школа“:
-Тоа би било како да цитирате келнер во пицерија-додала портпаролката.
Русите на 30 септември почнаа со воздушни напади во Сирија, а од тогаш се во конфликт со Западот кој им замерува бидејќи се насочиле на умерени групи кои се противат на претседтаелот на Сирија, наместо на џихадистите од Исламска држава.

