Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин одби да разговара со Ердоган

Путин одби да разговара со Ердоган

Претседателот на Русија Владимир Путин одби да контактира со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган бидејќи Анкара не сака да се извини поради уривањето на рускиот авион, изјави помошникот на Путин Јуриј Ушаков.

„Гледаме дека Турција просто не сака да се извини за инцидентот со авионот“, рекол Ушаков пред новинарите зошто Путин одбива да разговара со Ердоган, пренесе Ројтерс.

Ушаков рекол дека Кремљ добил барање од Анкара во врска со можниот состанок на двајцата лидери на Конференцијата за климатски промени кои ќе почнат на 30 ноември во Париз, за што рускиот претседател ќе биде известен во текот на денот.

Во Париз Путин ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Натанајху со кој ќе разговара за сириската криза и израелско-палестинскиот судир.

Тие во Париз, исто така ќе се состанат и со германската канцеларка Ангела Меркел со која ќе разговара за состојбата во Сирија и Украина, рекол Ушаков.

Слично

Поврзани вести