Путин: Ниту една држава не може да се бори со тероризмот сама
Ниту една држава во светот не може ефикасно да се бори против тероризмот сама, изјавил рускиот претседател Владимир Путин на средба со шефовите на специјалните служби на земјите од ЗНД. Тој истакнал дека „заканите во светот нема да бидат помали“, и констатира дека ситуацијата дури се продлабочува: кон традиционалните опасности се додаваат и нови. Конкретно, Путин го осврна вниманието на сложената ситуација во Авганистан и Блискиот Исток.
„Без ефикасна работа на вашите служби нашите држави не можат да се развиваат“, изјавил рускиот претседател, осврнувајќи се кон раководителите на тајните служби на земјите од ЗНД. Тој ги нарече исклучително важни состаноците помеѓу раководните органите за безбедност на Заедницата и координација на нивната работа, и исто така ја посочи и потребата од зголемување на ефикасноста на оваа координација.
Во крајмосковната резиденција Ново-Огарово, Владимир Путин се сретна со шефовите на делегациите кои пристигнаа во Москва за 39-то заседание на Советот на шефовите на органите за безбедност и специјалните служби на земјите-членки во ЗНД.
Во обраќањето кон учесниците на манифестацијата рускиот лидер посочил дека зголемената терористичка активност во Блискиот Исток и Северна Африка бара подобрување на интеракцијата помеѓу тајни служби на различните земји.
„Специфична опасност денес претставува зголемената терористичка активност, обединувањето на радикалните групи со транснационалниот организиран криминал. Исклучителна загриженост предизвикува ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка. Терористите се обидуваат да го користат овој регион како подлога каде ќе врбуваат и обучуваат борци, кои можат да бидат употребени за дестабилизирање на ситуацијата во другите земји“, се истакнува во говорот. Во врска со тоа, истакна претседателот, „е важно постојано да се зголемува нивото на интеракција, и да се користат најсовремените форми и методи и да се развиваат формите за пристапи кон решавањето на задачите“.
