Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Невозможно е некој да е посилен од Русија! Тоа е илузија!

Путин: Невозможно е некој да е посилен од Русија! Тоа е илузија!

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека нема да дозволи било кој да стекне воена надмоќ над Русија и порачал дека Русија никогаш нема да подлегне на протисоците.

„Никој не би требало да има илузија дека е можно да оствари воена супериорност над Русија или да изврши некој притисок над неа“, навел Путин во соопштение.

Тој рекол дека руската војска секогаш има „адекватен“ одговор.

Путин навел и дека ќе биде спроведен амбициозен програм на модернизација на војската со стотици нови борбени авиони, ракети и друго оружје.

Рускиот воен буџет е оваа година е зголемен за третина, и покрај економската криза во земјата предизвикана од ниските цени на нафтата и санкциите на Западот поради Украина.

Слично

Поврзани вести