Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Нема жалење, заради своите интереси Русија ќе оди до крај!

Путин: Нема жалење, заради своите интереси Русија ќе оди до крај!

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин рекол дека Русија, штитејќи ги своите интереси, ќе оди до крај.

Путин оценил дека во врска со враќањето на Крим во состав на Русија се е направено како треба и дека за ништо не жали. Тој во филмот „Претседател“ рекол дека најважно било да се сфати што сакаат луѓето кои живеат на Крим.

-Им реков дека луѓето за нас се прашање од животна важност. Не знам какви интереси ќе штитите, но ние, штитејќи ги нашите , ќе одиме до крај. И тоа е многу важна работа - истакна Путин, пренесуваат медиумите.

Тој нагласи дека Русија не можела да ги напушти луѓето кои сакале да се вратат во составот на Руската Федерација и „не сакале да бидат под власт на националисти“.

-Не затоа што ние сакаме нешто да украдеме, одделиме. И дури не затоа што Крим има значаение во базенот на Црното море. Туку затоа што тоа е елемент на историска праведност.

Сметам дека исправно постапивме и за ништо не ми е жал -порача претседателот на Руската Федерација.

Слично

Поврзани вести