„ПУТИН НЕМА ДА ПОБЕДИ ВО ОВАА ВОЈНА, УКРАИНА ЌЕ ИСТРАЕ“: Шолц испрати јасна порака во своето обраќање до својата нација
Во денешното
телевизиско обраќање до нацијата по повод одбележувањето на годишнината од
крајот на Втората светска војна, германскиот канцелар Олаф Шолц и пренесе
уверување на Украина за германска солидарност во борбата против рускиот напад.
„Путин нема да победи во оваа војна. Украина ќе истрае“, рече Шолц, пренесува Ројтерс.
Според германскиот канцелар, оваа година овој датум добил посебно значење бидејќи две земји кои некогаш биле жртви на нацистичка Германија (Украина и Русија) сега се во војна, која, како што наведе, ја започнала Русија.
Тој исто така рече дека Германија ќе обезбеди хуманитарна, финансиска и воена помош за Украина.
Тој додаде дека „нема да има мир диктиран од Русија“.
ФОТО: EPA
Слично
