Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН НЕМА ДА МОЖЕ УШТЕ ДОЛГО ДА ИЗДРЖИ, НОВИТЕ САНКЦИИ ЌЕ ГО ДОКРАЈЧАТ: Германски министер сигурен дека времето работи во корист на Украина

ПУТИН НЕМА ДА МОЖЕ УШТЕ ДОЛГО ДА ИЗДРЖИ, НОВИТЕ САНКЦИИ ЌЕ ГО ДОКРАЈЧАТ: Германски министер сигурен дека времето работи во корист на Украина

Министерот за економија на Германија смета дека новите санкции целосно ќе го уништат Путин.

Министерот за економија на Германија Роберт Хабек изјави дека новиот пакет санкции на ЕУ против Русија функционира и „дека времето работи против агресорите на Украина“.

Министерот Хабек истакна дека Владимир Путин сè уште може да ја снабдува армијата преку домашни производи како нафта или житарки, но економијата драстично се распаѓа и нема да трае долго.

„Нема да може долго да издржи“, сигурен е Хабек.

Тој вели дека Путин не може да купи ништо повеќе од приходите од нафта и гас поради новите санкции.

„Недостасуваат безбедносни ажурирања на програмата за авиони, поради што авионите мора да бидат приземјени. Трговијата со неутрални или проруски земји очигледно се намалува. Времето не работи во корист, туку против Русија“, нагласи тој.

Тој рече дека е срамота што Германија сè уште купува руска енергија, но нагласи дека германската економија и население даваат значителен придонес во функционирањето на санкциите.

Слично

Поврзани вести