Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Не сум вмешан во офшор скандалот на „Panama Papers“

Путин: Не сум вмешан во офшор скандалот на „Panama Papers“

Моето име не фигурира во списоците „Panama Papers“ ( "панамските документи").

Што направија овие новинари? Креирале информативен производ. Виделе имиња на мои познаници и пријатели и се вадатдека сум ги поддржал.

Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на медиумскиот форум денес, пренесе РИА Новости. За првпат тој го коментира директно оф-шор скандалот во кој многу траги водат кон него.

Путин ги опиша обвиненијата кон него како дел од американска пропагандна кампања, чија цел е да ја ослабне руската влада.

Во „Panama Papers“ се споменуваат имиња на луѓе од внатрешниот круг на претседателот. Едно од нив е името на Сергеј Родулгин кој му е пријател на Путин уште од раните детски години. Според документите тој поседува милиони во офшор фирми.

„Тој е брилијантен музичар, еден од најдобрите во земјата. Се гордеам што ми е пријател. Не направил ништо лошо. Речиси сите пари кои ги заработува, ги вложува во музички инструменти од странство и ги донесува во Русија. Тие се скапи предмети“, изјави денеска Путин.

Според него Родулгин организирал концерти и се занимавал со промоцијата на руската култура во странство, фактички со сопствени средства.

„Колку повеќе такви луѓе има кај нас, толку подобро“, рече претседателот на Руската Федерација.

„Panama Papers“ е меѓународна истрага за скриената офшор индустрија, која покажува како богатите и моќните користат офшор компании за да ги кријат парите и заобиколат правила преку создавање на фирми во оддалечените јурисдикции.

Во истрагата учествувале над 370 новинари од околу 80 земји кои разгледале повеќе од 11,5 милиони документи во текот на една година.

Без преседан откривањето на датотеките со седиште во Панама !Mossack Fonseca“ специјализирана за решавање на плаќања кон офшор компании, покажува дека овие пари се направени луѓе од блискиот круг на Путин кои се исклучително богати.

Слично

Поврзани вести