Путин не сака војна, но кажа за што сака сега да разговара
Рускиот претседател Путин изјави дека Русија не сака војна, но кажа дека не добила конструктивен одговор на предлозите што ги дала.
Вели дека сега треба да се реши прашањето за пристапување на Украина во НАТО во иднина, и покрај фактот што Украина е далеку од покренување на барањето за членство. Путин рече дека руските власти се подготвени да разговараат за некои прашања, вклучително и за безбедноста и ракетите. Германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата рече дека трупањето руски војници на украинската граница е закана. Според него, ова е неразбирливо и повика на деескалација во регионот.
Министерството за надворешни работи на Украина ја предупреди Русија за последиците од признавањето на самопрогласените Луганска Народна Република (ЛНР) и Донечка Народна Република (ДНР), наведувајќи дека нема да има правни последици, но дека Руската Федерација ќе се соочи со одговор од светската заедница. Признавањето на ЛНР и ДНР ќе значи дека Русија свесно се повлекла од договорите од Минск и дека таквиот чекор ќе зададе сериозен удар за политичко-дипломатско решение на ситуацијата во Украина. Додаваат дека во тој случај Русија нема да може да ја претстави администрацијата на териториите од регионите Луганск и Донецк како „независен субјект“, ниту ќе може да ја прикрие својата инволвираност како една од страните во вооружениот конфликт во Донбас. Државната дума на Русија претходно денеска усвои предлог-резолуција за признавање на самопрогласените ДНР и ЛНР.
