Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин не мирува: Кремљ спрема реформи додека Русите гледаат Светско првенство

Путин не мирува: Кремљ спрема реформи додека Русите гледаат Светско првенство

Моментално најактуелно е Светското првенство во фудбал кое придонесе земјата да ја посетат милиони фанови од сите краеви на светот. 

Со цел да се покажат како добри домаќини покрај големите подготовки кои ги правеа во текот на годината, медиумите својот придонес го прават на начин што не објавуваат содржини, кои се сметаат за негативни и кои би ја нарушиле атмосферата која владее во земјата. 

Токму ваквите околности се совршен начин Кремљ да спроведе непопуларни реформи, како што е зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 55 на 63 години за жени и од 60 на 65 години за мажи. 

По оваа реформа, во 51 од вкупно 83 руски региони каде животниот век на мажите е под 65 години, значи дека многу голем дел од нив нема ни да ја дочекаат пензијата. Рускиот претседател Владимир Путин се спротивстави на оваа реформа во 2005 година, но изгледа дека сега по падот на руската економија за 10 отсто, реши да ја направи неопходната измена. 

Русија се смета за земја во која се повеќе владее корупцијата, па затоа и постои голема разлика од екстремно богати ( 106 милијардери чие богатство се проценува од 460 до 485 милијарди долари), но и екстремно сиромашни (22 милиони - 15 отсто од населението).

Слично

Поврзани вести