Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин не ја исклучува можноста за употреба на нукларно оружје врз ИСИС

Путин не ја исклучува можноста за употреба на нукларно оружје врз ИСИС

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, изјави дека се надева дека нема да биде да дојде до ситуација кога ќе биде неопходно да се искористи нуклеарно оружје во борбата против Исламската држава.

„Мора да ги  анализираме сите ситуации на теренот и како функционира оружјето. Крстосувачките ракети со калибар КХ-101 се покажаа како модерни и многу ефикасни, а сега со сигурност знаеме дека тое е високо прецизно оружје што може да користи и конвенционални и нуклеарни боеви глави. Досега, секако, не беше потребно да го користиме во борбата против тероризмот, а се надевам дека никогаш нема да биде потребно“, рече рускиот лидер.

Инаку, на денешниот состанок, министерот за одбрана Сергеј Шојгу го извести Путин за првите напади над Исламската држава од руските подморници од Средоземно Море.

Шојгу го известил дека од подморницата се погодени два големи пункта на терористите во областа Рака, а успешни се и нападите на авијацијата и на подводната флота.

Слично

Поврзани вести